Американската компанија Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра во производство на сопирачки за шински возила, објави синоќа на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски кој се наоѓа во Вашингтон, каде ќе учествува на НАТО Самитот.
Мицкоски информираше дека компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.
Мицкоски со неа најави отворање 100 работни места во земјава.
Ова е трета странска инвестиција што ја најавува Мицкоски.
Првата беше онаа на инвестицискиот фонд Алказар Енерџи вредна 500 милиони евра кој треба да гради ветерен парк, а втората е инвестицијата на германско-белгиската компанија Епсотех Аим во скопски Петровец од 20 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира: