Пожарот кој вчера се појави кај село Грнчиште, Општина Градско, и беше блиску до куќите на селото, е ставен под контрола и нема опасност од проширување и загрозување на населби и објекти соопштија доцна во ноќта од Центарот за управување со кризи.
Содржината продолжува под рекламата
Поради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка.
Содржината продолжува под рекламата
На терен беа пожарникарите од Велес, со едно ПП возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто самоорганизирани и со трактори спречија огнот да го зафати селото.
Можеби ќе ве интересира: