понеделник, 19 август, 2024
Реклама

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Bajden i Tramp

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во Пенсилванија.

Zito akcija 640x289px

„Информиран сум за пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија. Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот додека чекаме дополнителни информации“, се вели во соопштението.Изјавата на Бајден.

Agria

„Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. За ваков вид насилство нема место во Америка. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“, додаде Бајден.

Кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше пукано на предизборен митинг во градот Батлер, изјави окружниот обвинител.

Напаѓачот и еден од посетителите се убиени.

Можеби ќе ве интересира: