Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на
Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на алопродажните
цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 83 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 75,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 73,5 денари за литар, а се намали и малопродажната цена на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од 46,909 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: