Во делот „отчетност“ на официјалната веб-страница на Владата се објавени платите на актуелните членови на Владата.
Содржината продолжува под рекламата
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, порачуваат од Владата.
Содржината продолжува под рекламата
Според прикажаното, на врвот во примањата е премиерот Христијан Мицкоски со плата од 140.450 денари, односно околу 2.280 евра.
Останатите вицепремиери и министрите земаат нето-плата по 115.540 денари (1.870 евра), освен министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој зема дополнителни 20 отсто во износ од 24.865 денари заради извршувањето на таа функција, па неговата плата изнесува 140.405 денари, исто колку на премиерот.
Претходната влада им ги намали коефициентите за пресметка на плата на 157 функционери, стои во одлуката објавена во Службен весник. Станува збор за функционери што таа ги именува. Со одлуката се намалуваат коефициентите на генералниот секретар на владата, владиниот портпарол, националните координатори и нивните заменици, директорите на управите, на инспекторатите, на бироата, државните комисии, агенциите, заводите, фондовите, директорите на затвори…
Коефициентите за функционерите што ги именува Владата се намалија за 12,8 проценти.
Просечната нето плата во Македонија сега изнесува околу 34 илјади денари, а минималната изнесува 22.567 денари. Работник со минимална плата треба да работи осум месеци за да заработи колку премиерот или претседателот што ќе заработи за еден месец. На тој што зема просечна плата ќе му требаат скоро пет месеци за да заработи една плата на премиер или претседател.
Можеби ќе ве интересира:
- Двајца велешани приведени под сомнение за неовластено производство на дроги
- Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор
- Грин Машинс на Брако на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
- Сообраќајот во западниот дел од државата по влажни коловози
- Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија