
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Мицкоски: Ова е заедничка победа, Македонија покажа зрелост
- МВР: Регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк
- Повреден велосипедист кај езеро Младост – возачот го напуштил местото на несреќата
- Вредноста на доларот порасна по договорот Трамп-Си
- ДИК: Излезноста до 9 часот е 2,88 отсто – технички проблеми со уредот за биoметриска идентификација на едно избирачко место


















