Водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес, а која со години се користи за наводнување, рекреација и риболов е со лош квалитет ризична по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, стои во заклучокот од официјалниот извештајот изготвен од стручен тим од неколку доктори на науки од ЈНУ Хидробилошки завод Охрид, а на барање на ЈП за водостопанство „Лисиче“ Велес, а кое стопанисува со водата на езерото и врши редовни испитувања.
Како што информираа за МИА членови на тимот, тие при земање мостри на вода на езерото „Младост“, последниот месец во нивната интерна лабораторија констатирале индикатори за параметри на водата кои се над дозволената граница на квалитет и затоа побарале дополнително анализи на водата да направи стручен тим на Хидробилошкиот завод Охрид. Овој извештај е од извршените физичко –хемиски, микробиолошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи на акумулацијата „Младост“, а денеска е објавен и официјално и на страната на ЈПВ Хидросистем „Лисиче“ од Велес.
Тие пак како што појаснија за МИА, извештајот го пратиле и до локалната власт до надлежното МЖСПП и надлежните инспекторати за животна средина на понатамошно постапување по истото, а со цел да се спаси езерото вештачка акумулација „Младост“ кај Велес.
За ова реагираше и ОО Левица од Велес. Тие велат дека езерото Младост се соочува со еколошка катастрофа и е акумулација која умира и покрај известувањето на Општина Велес за одличниот квалитет на водата добиен од испитувањата од страна на лабораторијата ФУД ЛАБ ДОО како и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.
Тие посочуваат дека според заклучокот на овој извештај квалитетот на водата од акумулацијата Младост е со лош квалитет (IV и V класа) а водата од сите локалитети е фекално и органски загадена и ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите како и за останата намена за потребите на хуманата популација односно -акумулацијата умира, велат од ОО Левица.
Можеби ќе ве интересира: