Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, доброволци, хеликоптери и ер трактори… веќе 10 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа по социјалните мрежеи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на Галичица, кој веќе премина од страната на Охрид.
Доброволците треба утрово да дојдат до планинарската куќа Спиридон (после црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло. Ајде да се собереме поголем број да си ја спасиме Галичица, се вели во апелот.
„Во изминатите 10 дена тимовите се обидуваа да го стават под контрола пожарот во високо планинските предели на над 2.000 мнв, каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку 2 часа, а во неколку наврати беа транспортирани и со хеликоптер на МВР. Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и големиот број на детонации од неексплодирани гранати, не дозволија локализација на пожарот во високата зона и полека истиот навлезе во буковите шуми на исток, запад и север“, вели Антонио Додевски од Планиснката спасителна служба.
Во Охрид вчеравечер се чувствуваше мирис на чад. Кампери од Љубаништа сведочат дека во текот на денот во Охридското Езеро имало саѓи и пепел.
Можеби ќе ве интересира: