Пожар зафати сандаци за пчели во местото наречено „Венуле“ во село Црквино, велешко, соопштија денес од Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„На 17.08.2024 околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано Венуле
во с.Црквино, велешко, настанал пожар во пчеларник, сопственост на Б.О.(64) од Велес, при
што биле опожарени сандаци за пчели, сува трева и други предмети“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
Можеби ќе ве интересира: