Висок пораз на гостувањето во Прилеп забележаа фудбалерите на Борец. Младите фудбалери на Победа потполно ги надиграа велешани на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и и ги испрати со пет гола во мрежата.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Давид Дебрешлиоски во 15 минута, а Никола Талески во 32 минута од пенал зголеми на 2:0. Само што започна второто полувреме прилепчани поведоа со 3:0 со вториот гол на Талески. Работите за Борец станаа уште полоши во 49 минута бидејќи втор жолт картон доби Кристијан Маневски.
Содржината продолжува под рекламата
Бројчаната предност ја искористи домашниот состав и со автоголот на Павле Петров во 55 минута и Трајковски во 88 минута, Победа го совлада Борец 1919 со 5:0, и ги освои првите бодови во првенството.
Во наредното коло Борец 1919 ја пречекува екипата на Новаци која загуби на домашен терен од Брегалница со 0:2.
Можеби ќе ве интересира: