(ВИДЕО) Кире Лазаров: Сите играчи работат добро и максимално професионално ги одработуваат поставените задачи

Новиот суперлигаш Фруитленд Борец со засилено темпо се спрема за новата сезона во суперлигашкото друштво, а за нивната форма да е највисоко можно ниво е задолжен еден од најдобрите и најперспективните кондициски и фитнес тренери, велешанецот Кире Лазаров.

Zito akcija 640x289px

„Сите играчи работат добро и максимално професионално ги одработуваат поставените задачи. Во секој случај, задоволен сум од тоа како се одвиваат работите подготовките и мислам дека успеав играчите да добијат и на сила и кондиција. Доколку продолжат вака да работат, уверен сум дека ќе бидат и повеќе од подготвени до почетокот на првенствените натпревари од есенската полусезона“, рече Лазаров.

Agria

Да потсетиме, фитнес центарот Лазариус, го имаат посетувано и играчи од разни спортови а меѓу нив се фудбалерот Енис Фазлагиќ, фудбалерката Јулија Живиќ, потоа ракометниот пикер Коки Петров, репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски и многу други.

Новата сезона од суперлигашка сезона започнува на 7 септември, а екипата на Фруитленд гостува во Струга. 

 

Moжеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Се ребрендира новиот ракометен суперлигаш од Велес

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: