Фудбалерите на Борец во недела против екипата на Новаци ќе се обидат да се рехабилитираат од убедливиот пораз во Прилеп и да стигнат до првата победа во сезоната.
Борец 1919 сезоната ја започна со два пораза и заедно со со екипата на Охрид се единствените екипи без освоен бод. Новаци пак по изненадувањето кое го приредија во Радовиш, совладувајќи го Детонит со 4:2, на домашен терен загуби од Брегалница со резултат 0:2.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во недела со почеток од 16 часот. Главен судија ќе биде Бафто Фатмир од Охрид, а ќе му помагаат неговиот сограѓанин Балески Горан и Котески Дино од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира: