Прволигашките клубови се изјаснија, со исклучок на две екипи, неофицијално сите го прифатиле предлогот да се игра плеј оф и плеј аут. Во плеј офот ќе учествуваат 6-те најдобри екипи од Првата лига, а 4-те последни ќе играат во плеј аут-от, но без последици, ќе нема испаѓање.
Најдобрите три екипи во плеј офот ќе обезбедат пласман во европските купови. Уште една македонска екипа ќе учествува во европските купови, тоа ќе биде победникот во Купот. Договорено е наместо по две средби, во полуфиналето да се игра по една средба, што значи ќе има ново извлекување за домаќинот, или пак ќе се одреди неутрален терен. И во финалето ќе има само една средба.
Веќе се зборува и за евентуално проширување на Првата лига во сезоната 2020-2021 година. За ова ќе се изјасни ФФМ, до 25-ти Мај, кога треба до УЕФА да го достави својот план за новата сезона.
Најавено е доигрувањето на првенството во Првата лига да почне на 14-ти или 17-ти Јуни.