Дизелот поевтинува за еден, а бензините од 0,5 до два денари по литар

gorivo-benziska
gorivo-benziska

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 % во однос на одлуката од 6.9.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара и ќе се продава за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,273 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,507 денари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: