Тошковски: Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии

Pance toskovski minister
Pance toskovski minister

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски.

Zito akcija 640x289px

За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.

Agria

„Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било“, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: