Реклама

(ВИДЕО) А1он: Со канта бензин пали познат скопски ресторан во сред полициски час

Opera pub gori

Во сред полициски час, околу 3.15 часот утринава, засега непознато лице со канта бензин го пали познатиот „Опера паб“, што се наоѓа кај Националниот опера и балет, пренесе порталот а1он и објави видео.

Zito akcija 640x289px

На снимките од камерите од ресторанот јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на Скопје со канта бензин во раката. Тој ја полева со бензин терасата од надворешната страна од ресторанот, го пали и бега.

Agria

Огнот има направено голема штета и испукани се сите стакла од објектот. Дошле противпожарните екипи и лицата од обезбедувањето на локалот, но во меѓувреме пожарот сам се изгаснал.

Сопственикот на локалот вели дека не е задоволен од односот на полициските служби и дека се уште не е извршен увид. Во еден момент му било и кажано дека е подобро самиот да си поднесе тужба против непознат сторител, наместо да биде поднесена пријава за „предизвикување општа опасност“. Тој се уште чека на лице место за да види каков ќе биде епилогот.

Текст: libertas.mk