Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше пријавено три (3) интервенции врз пожари на отворено, покрај интервенциите врз пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.
Содржината продолжува под рекламата
Конкретно, Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал во 14:53 часот во саботата (14.09.2024 година) помеѓу с.Белотино и с.Рич е локализиран. Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот за да не се шири. Во интервенцијата учествуваа ТППЕ Струмица со 3 пожарникари и 1 возило и 3 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица.
Содржината продолжува под рекламата
Денеска, од утрово, повторно е извршена контрола на пожарот за ако има одредени точки што се уште чадат – да се догаснува. Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани, вчера, во период од 08:54 до 09:30 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија и кабли на депонијата на месноста „Полачки Пат“, во Општина Кочани. РЦУК Тетово, ја информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 15:55 до 16:25 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште помеѓу селата Желино и Сирично.”, информираат од ЦУК.
Можеби ќе ве интересира: