Фудбалерите на Борец 1919 ги завршија настапите во фудбалскиот Куп на Македонија откако денес на домашен терен беа поразени од екипата на Детонит од Радовиш со резултат 0:1.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелец на единствениот погодок за гостите беше Оливер Христов во 35 минута од натпреварот. Во вториот дел велешани притиснаа кон голот на гостите, но до промена на резултатот не дојде.
Содржината продолжува под рекламата
На клупата на Борец 1919 денес не беше тренерот Љупчо Димитковски, а тимот го водеше неговиот помошник Димче Настов.
Можеби ќе ве интересира: