По само три кола во Втората македонска фудбалска лига, управата на Борец 1919 реши да ја прекине соработката со досегашниот тренер Љупчо Димитковски и да назначи нов.
Содржината продолжува под рекламата
38 годишниот Даниел Стојановски е назначен за нов шеф на стручниот штаб во Борец 1919. Првиот предизвик Стојановски ќе го има веќе во недела на првенствениот натпревар против Вардарски.
Содржината продолжува под рекламата
Даниел Стојановски е млад стратег со искуство во македонското првенство каде што претходно ги водеше Слога Виница, Воска, ГФК Куманово, Велешта а бил и помошник тренер во Пелистер.
Можеби ќе ве интересира: