Велес пак ќе гледа Суперлига, Фруитленд Борец го пречекува шампионот Еурофарм Пелистер

Fruitlend Borec Iliev

Велешани после 6 години можат да проследат натпревари од најквалитетната ракометна лига. Велешкиот ракометен клуб и дебитант во Супер лигата, екипата на Фруитленд Борец, се подготвува за историскиот прв натпревар на домашен терен. Во Велес гостува ланскиот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешани ќе имаат тешка задача против екипата која настапува во Лигата на шампионите. Гостите се фаворити на овој натпревар, но Фруитленд Борец со пожртвувана игра ќе се обиде да направи изненадување.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Натпреварот ќе се одигра утре (сабота) со почеток од 18 часот во спортската сала „Гемиџии“. Од клубот ги повикаа сите симпатизери на клубот да дојдат во голем број на овој натпревар и да ја бодрат екипа со полна сила. Цената на билетот ќе чини 100 денари.

Можеби ќе ве интересира: