Меморијален турнир „Трајче Црвенпанов“

Годинава како и предходните 3 години во овој период од годината во Градскиот парк во Велес се одржува рекреативен турнир во тенис на ниво на град Велес. Оваа година на турнирот учествуваа 21 натпреварувач од градот. Прво се одиграа мечеви во групна фаза, а потоа играчите ги одмерија силите и во нокаут фазата.

Zito akcija 640x289px

Финалето ќе се одигра во вторник од 20 часот, во кое ќе се соочат Ставревски и Петров, а борбата за трето место, помеѓу Зафиров и Јаковлевски, е час и половина претходно, односно од 18:30 часот.

Agria

За љубителите на тенисот ова ќе биде вистинско уживање, а покрај тенисот приоритет на организацијата и нејзините иницијатори е да се оддаде почит на човекот кој беше дел од првите тениски приказни во градот Велес, Трајче Црвенпанов Црвен, кој повеќе не е меѓу нас, но аманетот го остави на младите ентузијасти да ја продолжат неговата идеја за успешна тениска приказна во градот.

„Тенисот во Велес датира од пред не толку блиско, но и не толку далечно минато. Тенисот како спорт општо не е толку популарен во целото наше поднебје, но ако не се одредени луѓе со желба и еднузијазам, тогаш никој не би знаел за него. Така е започната приказната за тенис во Велес, кога група луѓе, кои со свои ресурси и желба, успеале да обележат терен, да обезбедат мрежа и да уживаат во овој спорт. Покрај мизерните услови и никаква поддршка, клубот успеал да се формира и Велес успеал да биде и домаќин на Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, па и да одржи голем број на турнири. Со изградбата на терените во Градскиот парк се подобрија условите и сега за сега, се оддржува некое ниво на тенис, па одреден број рекреативци и школата со преку 40 дечиња успева да ја исполни целта. Традицијата на овој аматерски турнир трае со години, па така и ние како група рекративци успеваме со дружба и желба да го одржиме и на тој начин да привлечеме нови дечиња, па и спортски аматери да го засакаат тенисот. Турнирот од минатата година го носи името на нашиот пријател Трајче Црвенпанов Црвен кој прерано не напушти! Трајче беше дел од формирањето на првиот тениски клуб во Велес и дел од сите негови дејствија. Денес сите сте добредојдени во Градскиот парк да уживате во супер тенис на аматерско ниво од 18:30 часот, па се до завршуврање на мечевите. По овој турнир во поединечна категорија од среда следи и турнир во двојки, кој исто така го организираме ние како вљубеници во тенисот, рече Влатко Јаковлевски, еден од организаторите на турнирот “Трајче Црвенпанов Црвен”.

Можеби ќе ве интересира: