Превалец рутински ја совлада Слога од Лажани

Prevalec Sloga Lazani sezona 24/25

Фудбалерите на Превалец полека но сигурно ја креваат својата форма. Денес на стадионот во населбата Превалец, тие ја наполнија мрежата на гостите од Лажани со шест погодоци.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Гостите од Лажани, екипата на Слога долго одолеваше на нападите на домаќинот, сепак во 39 минута резултатот го отвори Дејан Стефановски. Во вториот дел следуваа погодоците на Трајче Ѓорѓиевски во 64 и 74 минута, Стефан Коџабанов во 66 минута, автоголот на Емир Каришиќ во 75 минута, а конечниот резултат од 6:0, го постави Дејан Стефановски со својот втор погодок во 86 минута.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По четири одиграни кола, Превалец се искачи на трета позиција со седум освоени бода. Во следното пето коло ќе се одигра дербито против екипата на Башкими од Јаболчиште.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: