Зијадин Села за „Фокус“: Кочо Анѓушев беше ставен на „црна листа“ по иницијативите за соработка меѓу ВМРО и СДСМ

Пратеникот од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакна дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Имаше информација и за средби меѓу Заев и Мицкоски, со олигарси внатре. А дали имаше ставање на „црна листа“ на некои олигарси по овој период? Кочо Анѓушев после овие иницијативи беше ставен на црна листа. Кога веќе јасно се покажа од страна на меѓународниот фактор дека таква идеја е неприфатлива, бидејќи ќе удира врз стабилноста на државата, а за целта зошто тие го правеа тоа немам информации, но претпоставувам дека се работи за бизнис зделки“, рече Села.

Целиот текст и интервју со Зијадин Села можете да го прочитате на следниот линк: