Фаик Мефаиловски ја доби наградата за најдобра машка улога на „Деновите на комедија“

Faik Mefailovski

Фаик Мефаиловски, од велешкиот театар за улогата во „Вечера за глупаци“, ја доби наградата за најдобра машка улога на „Деновите на комедија“ за 2024 година кои се одржаа во Куманово.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Одлуката ја донесе стручно жири на фестивалот во состав: Александар Ивановски, претседател и  Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски, откако ги сумираше впечатоците од сите 11 претстави во официјалната конкуренција на фестивалот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Пар распар“ на Театар комедија од Скопје е прогласена за најдобрата претстава, наградата за најдобра режија се доделува на Куштрим Бектеши за „Итроштините на патук“ на Театар Тетово.

Марија Минчева Андонов најдобро ја одиграла главната женска улога во претставата „Женидба“ на Театар Штип. Марко Трајковиќ од Театар Куманово ја освои наградата за најдобра машка споредна улога во „Како што сакате“, а за најдобра споредна женска улога се наградува Марија Новак од Театар Охрид за улогата во „Секс, лаги и љубомора“. Кумановскиот ансамбл освои уште две награди на фестивалот- Марија Ветерова за сценографија и Лидија Георгиева за костимографија во претставата „Како што сакате (Ноќ спроти Водици)“.

Вечерва ќе бидат доделени наградите, по што ќе се одигра „Како што сакате“ на Театар Куманово, во чест на наградените.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/vesti/foto-veleshaneczot-viktor-dimovski-tampes-e-shampion-vo-borilachkata-veshtina-muai-tai/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: