Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се промовираше книгата „Распарчени” во издание на Бата прес од норвешката писателка Хилде Миклебуст. На промоцијата присуствуваше самата авторка од Норвешка.
Содржината продолжува под рекламата
Книгата има автобиографски елементи испреплетени со фикција. Лично авторката ги сподели своите емоции, предизвици и еден вид ослободување, создавајќи траен белег за нејзиниот прерано заминат пријател Аре.
Содржината продолжува под рекламата
Промоцијата се одвиваше преку интерактивна дискусија меѓу авторката и младите читатели. Таа беше воодушевена од креативните и проникливи прашања на младите читатели кои го имаа прочитано романот.
Можеби ќе ве интересира: