Утре продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Mesto kade e pronajdeno teloto na Pance Zeze 1
Mesto kade e pronajdeno teloto na Pance Zeze 1

Во понеделник ќе продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, а ќе сведочи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. 

Zito akcija 640x289px

Четворицата обвинети Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов претходно се изјаснија за невини, а мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството.

Agria

Сепак, судот не го прифати нејзиниот предлог. Според обвиненијата обвинетите испланирале грабнување на девојчето за да принудат член на семејството да плати откуп. Грабнувањето и убиствата, се случија во ноември 2023 година.

Првообвинетиот Палевски избега во Турција и таму полицијата го уапси во градот Баликесир. Целиот регион беше шокиран од исчезнувањето на девојчето, но и од фактот кој потоа се откри, дека се работи за двојно убиство. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: