Обвинетиот Велибор поплочуваше кај татко ми, тој не беше задоволен и го тужеше – татко ми не должеше никому, сведочеше ќерката на убиениот Панче Жежовски

pANCE ZEZE

Ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова, денеска сведочеше за време на судењето за убиството на Вања и Панче. 

Zito akcija 640x289px

Таа за време на сведочењето кажа дека не ги познавала обвинетите и дека никогаш не ги видела.

Agria

Сепак, рече дека Панче се познавал со обвинетиот Велибор Манец, бидејќи го ангажирал како пријател каменорезец за некои работи околу куќата. Рече дека Велибор живеел на десетина минути од Панче и дека во моментот кога дознала дека татко и го нема, нејзиниот сопруг излегол и отишол во неговата куќа за да провери. Кога стигнал, работела греалката и сијалицата светела. 

Таа рече дека татко и Панче, го тужел Велибор Манев уште во 2007 година но не знаела за што е спорот. 

Додаде дека не можела да влезе и да го идентификува неговото тело. 

Првообвинетиот за убиството, Љупчо Палевски Палчо, ја праша Ана дали го познава, меѓутоа таа рече дека не го познава и дека со нејзиниот татко не разговарала за неговите пријатели.

Тој за време на сведочењето рече дека отишол да провери во куќата на Панче, откако неговат сопруга му кажала дека татко и го нема. Го барал низ собите но него го немало.

Рече дека изчезнувањето на Панче го пријавиле попладнето околу 18 часот, и дека тој го идентификувал телото. 

„Ни се јавија во недела од полиција. Кога го видов телото, имаше дупка кај устата и крв кај очите. Панче беше добар, нормален човек, не можам да кажам ништо лошо за него. Јас се познавам со Велибор и со Боро. Со Велибор заедно учевме во средно. Знам дека Панче имаше некој спор со Велибор “ рече Тодор.

Сепак зетот на Панче откри зошто Панче го тужел Велибор. Тој нагласи дека биле договорени Велибор да му го среди дворот на Панче за 1.600 евра, од кои Панче му дал 1.100 и му рекол дека ќе му доплати кога ќе се врати од Германија. Но сепак парите не му ги додал, затоа што не му се допаѓало како ја сработил работата. Потоа Велибор ги извадил бекатон плочките и оттука избил и спорот меѓу нив. 

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува во среда. Следни сведоци се: Дејан Димовски, Музафер Каишиќ, Ристе Самарџиев, Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми, Мирче Мицевски и Митре Лазаревски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/vesti/video-sdsm-jpdp-go-tresat-skandali-shefot-na-pretprijatieto-ne-plaka-patarini/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: