Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Се укинува полицискиот час

vlada.mk

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час.

Zito akcija 640x289px

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Одлуките официјално ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати. 

извор ТВ21

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: