Денеска продолжува судењето за убиството на велешанецот Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска

Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

Zito akcija 640x289px

На претходното рочиште сведочеше мајката на Вања, која кажа дека заедно со таткото Александар ја барале ќерката во една напуштена куќа на Партизанска. Исто така рече дека Александар веднаш се посомневал дека е киднапирана.

Agria

„Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски“ изјави адвокатот на Палевски, Марјан Витановски.

На претходното рочиште сведочеше и ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова.

Таа за време на сведочењето кажа дека не ги познавала обвинетите и дека никогаш не ги видела.

Сепак, рече дека Панче се познавал со обвинетиот Велибор Манец, бидејќи го ангажирал како пријател каменорезец за некои работи околу куќата. Рече дека Велибор живеел на десетина минути од Панче и дека во моментот кога дознала дека татко и го нема, нејзиниот сопруг излегол и отишол во неговата куќа за да провери. Кога стигнал, работела греалката и сијалицата светела.

Таа рече дека татко и Панче, го тужел Велибор Манев уште во 2007 година но не знаела за што е спорот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: