Калишиќ: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена

Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На денешното рочиште ќе сведочат Музафер Калишиќ и Ристе Самарџиев.

Agria

Калишиќ во сведочењето истакна дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски бил конфузен во изјавите.

„Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чуден за мене но и за другите колеги, по разговорот анализиравме дека тој беше конфузен, потиштен во многу изјави“ рече Каришиќ, кој тогаш тој бил Помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Калишиќ рече дека потрагата се одвивала заедно со таткото и со роднина на семејството. Прво биле во Капиштец во еден од семејните станови.

„Мајката бараше да се оди, да се прави претрага, но тој рече дека веќе бил таму и нема зошто да се оди. Станот беше во Капиштец, влеговме во подрумските простории, во гаражата, се качивме со лифт во зградата, станот го отворивме со клучеви, баравме дали има некакви детали, но Александар цело време велеше дека ќерка му е киднапирана и бараше да се преземат други мерки. Тоа траеше пет-десет минути во станот, баравме да не се сокрило девојчето некаде, потоа се вративме во возилото. Јас се јавив и барав информации кој дел не е пребаран, ми кажаа дека Капиштец, и ние тргнавме да пребаруваме“ рече тој.

Калишиќ вели дека Александар велел дека џабе одат, џабе бараат и дека останал во возилоѕо, запалил цигара и не излегол од возилото. Го прашал зошто не излегол, но тој повторно рекол дека Вања е киднапирана и убиена.
Откако и на Средно Водно се повторила истата слика, началникот разговарал со роднината, прашувајќи се зошто таткото не излегува од возилото. Роднината одговорил дека го прашал Александар зошто така мисли, дека девојчето е киднапирано, дали должи некому, дали има некои проблеми, закани, но тој негирал.
Обвинителот потоа прашал дали таткото навел некоја причина зошто мисли дека девојчето е киднапирано, Александар не дал одговор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: