Македонските „Википедијанци“ се собраа на камп во Струга

По шести пат Викимедија МКД го организираше Вики Кампот, тридневен собир на активни Википедијанци – членови на Вики Клубовите кои се дел од програмската содржина на здружението. Струга, поточно хотелот „Бисер“  беше локацијата каде младите активисти за слободни содржини на семрежнатра енциклопедија ги здружија силите создавајќи статии преку дружба и заеднички уредувања.

Zito akcija 640x289px

Овогодинешниот камп, како и изминатите во организација на Викимедија МКД, беше тематски и беше посветен на климатските промени. Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да се образуваат за тоа што се климатските промени и како активно да делуваат за подобрувње на климатските процеси. Воедно, учесниците преку дружење и соработка се стекнаа со вештини за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, како и сродните проекти на Википедија.

Agria

Во текот на кампот, учесниците неуморно работеа, што резултираше со создавање  на нови 215 статии на македонски јазик на оваа глобална платформа. Покрај практичниот придонес, настанот имаше и силен едукативен карактер. Проф. д-р Игор Кузмановски одржа предавање за климатските промени, додека м-р Ненад Шундовски го претстави концептот на зелената транзиција. М-р Валентина Трајкоска, пак, ги запозна учесниците со најдобрите практики за онлајн безбедност, нешто што е од огромна важност за секој корисник на Интернет.

Оваа иницијатива има за цел да ја збогати содржината на Википедија на македонски јазик, како и да ги едуцира младите во користење и придонесување кон слободните енциклопедиски знаења. Кампот е само една од поголемиот број проекти и настани кои ги организира Викимедија МКД, невладина организација која се занимава со умножување на слободни содржини достапни за секого. Како дел од глобалната Фондација Викимедија со седиште во Сан Франциско, Викимедија МКД несебично ги троши своите волонтерски капацитети да создаде за читателската публика што поголем број бесплатни и добропотврдени енциклопедиски содржини.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: