Поскапеа цигарите, од 1ви јануари повисока акциза

cigari

Поскапеа дел од цигарите. Родео, Бос, Давидов и Вест од денес имаат за 10 денари повисока цена. Причината е новите измени на Законот за акцизите. Овие измени се во сила од почетокот на годинава. Тие ја усогласуваат акцизната стапка на цигарите со европските стандарди.

Zito akcija 640x289px

Со ова, Владата очекува околу 13 милиони евра годишно во буџетот. Цените на тутунските производи ќе растат секоја година на 1 јануари. Така, ќе се постигнат стандардите на ЕУ до 2030 година.

Agria

Според Државниот завод за статистика, минатата година едно домаќинство купило 119 кутии цигари. Земјоделските семејства потрошиле дури 153 кутии. Македонија има меѓу најниските цени на цигарите во регионот, што ја прави водечка по бројот на пушачи.

Здравствените експерти предупредуваат дека пушењето го загрозува здравјето. Институтот за јавно здравје е загрижен поради високата стапка на пушење, оти половина од возрасната популација во Македонија користи тутун.

Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението.

Јавноста, пак, реагира дека зголемувањето на цените не е решение. Македонија останува една од земјите со најмногу пушачи во Европа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: