Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.
Според информациите во сообраќајната несреќа учествува минибус кој бил полн со патници. Очевидци за нашата редакција сведочат дека во сообраќајна несреќа има три жртви. Покрај скопската брза помош, интервенираат и две возила на итната медицинска помош од Велес. Од таму велат дека едно од нивните возила пренело потешко повреден патник на скопските клиники.
Од полицијата потврдија дека во тешката сообраќајна несреќа загинале тројца.
„Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.
Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес повеќе од два часа е во прекин и се чека јавен обвинител да изврши увид.
Наши читатели кои се наоѓаат во близина на местото на несреќата велат дека сообраќајот не е пренасочен по споредни патишта.