Познат е идентитетот на настраданите од синоќешната страотна сообраќајна несреќа

Soobrakajka Katlanovo Oktomvri 2024 2

Тројца загинати и петмина тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера доцна попладнето на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот Катланово. Сите осуммина патници се од Велес, а со комбито на скопска фирма во која работеле, се враќале од работа дома.

Zito akcija 640x289px

„На 16.10.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираа од МВР.

Agria

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

По петчасовен прекин, сообраќајот на автопатот Скопје -Велес од синоќа е нормализиран.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: