Советот на Општина Велес го прогласи петок 18.10.2024 година за Ден на жалост, поради тројцата загината велешани во тешката сообраќајна недреќа, која се случи вчера, на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот Катланово.
“На Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, 18 октомври 2024 година, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика”, велат од Општина Велес.
Во меѓувреме, обвинителството соопшти дека издало наредба за вештачење на возилото и трагите.
“Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот”, велат од скопското обвинителство.
Во сообраќајната несреќа загинаа А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. (32) и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и “Мајка Тереза” во Скопје.