Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки

skopje_zoo_naslovna

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје.

Zito akcija 640x289px

Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

Agria

„Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право?

Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во право.

Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот.

Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар.

Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназијаж

Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: