Реклама

Еден оздравен и еден новозаразен од Ковид 19 во Велес

veles-05.04.2020-1

По пет дена без ниту еден новозаразен од Ковид 19 во Велес, Институтот за јавно здравје регистрира нов еден случај, но и еден оздравен пациент.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19. Највеќе во Скопје 14. Во Штип се регистрирани четири случаи на новозаразени, сите од една текстилна фабрика.

Agria

На листата на градови се наоѓаат и Куманово и Тетово со два, и Струга, Велес и Прилеп по еден нов случај позитивни на Ковид 19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 17 оздравени пациенти.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.