Велешанецот Даниел Ацев сезонава ќе го брани голот на грчки Амфикитонес Ламиа. Тој стави потпис на договор до крајот на сезоната. Амфикитонес Ламиа се натпреварува во втората грчка ракометна лига, со амбиции од идната сезона да влезе во елитата.
„Натпреварувањето во втората лига почнува на 10 ноември, а плеј офот завршува на 15 април. Во Грција сезоната трае четири месеци, но ако влеземе во плеј оф, останувам уште два месеци“, вели 23-годишниот голман.
Даниел Ацев кариерата ја почна во Борец, а потоа настапуваше за Бутел, Голден Арт, Охрид и Вардар Неготино. Ова е негово прво интернационално искуство.