Од минатата недела ООУ Васил Главинов од Велес има нов ученички правобранител. Учениците од VI,VII,VIII,IXкои имаа право на глас со мнозинство гласови ја избраа ученичката од IX -5 Ива Тодороска за нов правобранител согласно правата на децата.
Во своето излагање Ива Тодороска нагласи дека ќе се залага за заштита и унапредување на правата на децата на своите соученици, и дека доколку има било какво прекршување од било која страна , учениците ќе можат да и се обратат во секое време со цел да се истражи случајот за да може преку соодветна постапка во соработка со стручната служба во училиштето проблемот да се реши. Поплаката освен усно може да биде и писмено или анонимно на посебно отворена електронска пошта за таа намена на [email protected].
Заштитата на учениците се однесува и од страна на наставниот кадар, како и промовирање на меѓусебно другарство, хуманост и помош наспроти меѓусебни омаловажувања , потикнувања омраза или bullying.
Меѓусебната почит од и кон наставниот кадар , како и грижата за хигиената, училишиот двор, подигнување на еколошката свест, почитта кон сопствените родители како и организирање на разни акции во таа насока ќе бидат во фокусот на нашата работа – изјави Ива Тодороска.
Инаку Ива Тодороска претходно три години по ред беше избрана за најдобар ученик , беше претставник на учениците во училишниот одбор,а за млад иноватор беше избрана од страна на Држевен завод за индустриска сопственост во 2023 година. Исто така има освоено 1 место на неколку државни натпревари од областа на автоматика,роботика, и хорско пеење, а меѓудругото на балкански натпревар по автоматика и роботика во Босна и Херцеговина во 2023 година освојува 2 место. Својата хуманост ја докажува и како волонтер член во црвениот крст –Велес. Активно говори англиски јазик, француски, германски јазик, и има основно познавање на јапонски и корејски јазик.