Велешанец на 45-годишна возраст кој издржувал казна затвор во „Идризово“ вчера бил пронајден мртов. Неговото тело било предадено на обдукција по што ќе се знае која е причината за неговата смрт.
„На 23.10.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од полицијата
Увид извршила екипа од СВР Скопје.