Реклама

Од денес кафулињата и рестораните повторно отворени, за свадби ќе почекаме

Kafulinja Veles

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти, со задолжително почитување на Протоколите утврдени од страна на Комисијата за заразни болести.

Zito akcija 640x289px

Работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Agria

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки).