На денешната прес-конференција по потпишувањето на договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините премиерот Христијан Мицкоски за одлуката на Комисијата за помилување која вчера даде колективна оставка вели „жив човек којшто работи знае и да погреши“.
„Жив човек којшто работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата којашто се занимава со теми од областа на помиувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто коишто тие го имаат како морален чин а тоа е да се повлечат, тоа и го направија. Така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста“, вели Мицкоски.
На прашањето дали ќе бара одговорност од диркеторот на АНБ, Бојан Христовски, поради наводите за лажен сертификат по англиски јазик, Мицкоски рече дека доколку тоа го констатира соодветна институција а не опозицијата, тогаш ќе бара одговорност.
Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата го објави потпишувањето на договорите со кои општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции.