Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 % во однос на одлуката од 21.10.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ ќе бидат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 43,933 (денари/килограм).