Повредените во сообраќајката несреќа на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состојба

Soobrakajka Katlanovo Oktomvri 2024 2

Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност.

Zito akcija 640x289px

„Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија“, информираа од ТОАРИЛУЦ.

Agria

Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани. Во страшната сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес животот го загубија три лица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: