Обвинителството отвори предистрага за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Обвинителството отворило предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата на национална безбедност, откако во јавноста се отвори сомнеж за сертификатите коишто ги поседува за да ја извршуваа функцијата. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека до нив пристигнале две анонимни пријави, кои се споени во една, а предметот е веќе распореден кај јавен обвинител, пренесува Слободна Европа.

Zito akcija 640x289px

Предмет за назначувањето на Христовски, претходно отвори и Антикорупциската комисија, која во моментов ја прибира потребната документација.

Agria

Обвинителството веќе постапувало во случаи кадешто предмет на проверки биле токму сертификати издадени од оваа школа, за што се изречени и пресуди. Две директорки кои употребиле ТОЕФЛ-сертификат од истата компанија од Бугарија од каде што е сертификатот на Христовски, признале вина дека документот им е фалсификат и се осудени на по две години затвор, казна која нема да се изврши ако не сторат кривично дело во следните четири години.

Владата на седница на 16 октомври го разреши дотогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски.

Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата меѓу партијата и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: