Македонскиот музичар, велешанецот Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска, денес во јавноста го објави својот втор албум со наслов „Носталгична љубов 2“, што го сними во Малме, а преку музичките платформи ќе биде достапен за слушатели од целиот свет.
Албумот содржи 11 композиции, од кои осум се дело на Благој, но сигурно се појавуваат фрагменти што веќе постојат во друга музика во светот, во две композиции има фрагменти од народни македонски мелодии, а во една од мелодиите е од босанска севдалинка.
Новиот албум на кларинетистот Благој Ламњов е снимен во „Gula Studion“ во Малме, Шведска. Во процесот на снимање, миксање и мастерирање работеше Давид Карлсон, додека сите композиции се напишани, продуцирани и отсвирени од самиот автор.