Ракометарите на Фруитленд Борец во рамките на 10 коло од ракометната Супер лига, утре гостуваат кај екипата на Прилеп. Иако домаќинот на хартија е фаворит на овој натпревар, последните два натпревари велешани покажаа дека нема да бидат лесен залак за никого во Супер лигата.
Евидентен е напредокот во играта кај ракометарите на Фруитленд Борец, по доаѓањето на новиот тренер Владимир Глигоров. На првиот натпревар против Радовиш одиграа нерешено, додека минатата недела малку фалеше да направат сензација совладувајќи го составот на Бутел на домашен терен.
Натпреварот против екипата на Прилеп ќе се одигра утре со почеток од 18 и 30 часот, во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, а судии на натпреварот ќе бидат Ненад Николовски и Душко Камишевски од Скопје.