Реклама

Деветмина велешани оздравеа, нема нови заразени

Infektivno Veles 997x485

Деветмина велешани го прележаа коронавирусот и се негативни на последните тестови направени врз нив. Тие се дел од 16-те оздравени пациенти во земјата, регистрирани во последните 24 часа. Во меѓувреме, не е регистриран ниту еден заразен во Велес. Со ова, во моментов има 31 активен случај на лица заразени од коронавирус во Велес.

Zito akcija 640x289px

Според најновото соопштение од Институтот за јавно здравје, во земјава во последното деноноќие напрацени се 560 тестирања, од кои 38 се позитивни на коронавирус. Од нив, 24 се од Скопје, по четири случаи има во Куманово и Штип, тројца се од Тетово, двајца во Неготино и еден од Битола.

Agria

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања.

„Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19“, соопштина од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.