СВР Велес со детали за несреќата: Четириесетгодишен велешанец загина во сообраќајката кај Рибарци

Soobrakajka

Четириесетгодишен велешанец со иницијали М.П. е лицето што го загубило животот во сообраќајната несреќа што денеска наутро се случи на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на селото Рибарци во Општина Росоман, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајката, според пријавата во кавадаречката полиција, се случила околу 8:45 часот, а во неа учествувале автомобил марка „сеат“ и товарно возило „опел“, во кое сопатник бил загинатиот велешанец, кој од здобиените повредени починал на самото место.

Agria

„Смртта ја констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци“, велат од СВР Велес.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот на товарното возило Б.Ј. (46) и 18-годишната А.Н. која била сопатник во автомобилот, што го управувала нејзина врсничка со иницијали В.З. кај која била констатирани телесни повреди.

Тие, според полициските информации, биле пренесени во кавадаречката болница, каде што им биле констатирани повредите.

Јавен обвинител заедно со екипа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци извршиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото на загинатиот велешанец е дадено на обдукција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: