Утрово земјотрес од 2,2 степени почувствуван во Скопје

Zemjotres

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Zito akcija 640x289px

Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу  Македонија, Косово и Србија.

Agria

Земјотресот бил на длабочина од осум километри. Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.

Инаку, земјотрес со јачина од два степени според Рихтеровата скала беше почувстуван пред три дена, односно на 4 ноември вечерта, исто така, во близина на Скопје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: